Saturday, January 24, 2015

Кој жалеше за "Шарли Ебдо"


Во изминатите денови по медиумите се изнаслушавме за кутрите новинари кои беа жртви во нападот од страна на исламистичките терористи врз седиштето на таканаречениот весник "Шарли Ебдо" кој во името на слободата на изразување без срам навредуваше чуства на милиони луѓе врз религиозна основа. Она што медиумите кај нас заборавија да го кажат или намерно го изоставија е дека редаторите на истиот весник со иста мера ги навредуваа чувствата и на христијаните. Преку нивните гнасни карикатури кои немаат никаква уметничка ни културна вредност на најнизок начин исмеваа сцени од библијата. Она што можеме да го кажеме е дека кој сее невоља ќе жнее бура и дека истите тие новинари и уметници станаа колатерална штета и жртви на мултикулурализмот, на толеранцијата и интеграцијата на истиот тој систем на вредности кој што тие го пропагираа. Благодарение на ова денес Франција се соочува со засилена исламизација и ја има една од најголемите исламски заедници во Европа која сочинува на 5 милиони жители.
Додека во војните ширум светот секој ден гинат стотици луѓе, додека нас ни се случуваше "2001" насилното создавање на држава во држава, додека гинеа многу млади македонски сограѓани додека ни се случуваше Смилковско езеро и хулиганските протести како што беа oние за "Монструм" светските лидери молчеа немаше маршови како оние против тероризмот во Париз на кој најголемите светски државнички терористи и капиталисти се шетаа и солидаризираа со познатиот слоган "Je suis charlie" никој од нив пред тоа не кажа ни збор за исчезнатите цивили од 2001 и за она што му се случува на нашиот народ секој ден од привилегираното малцинство со кое НАТО пактот не притисна да живееме во иста држава. Јасно е дека животот на оние од европската унија вреди многу повеќе од сто наши но времето покажува дека системот кој го креираа западните либерали им се удира од глава.

No comments:

Post a Comment