Оваа масовна манифестација,е најголемиот ваков настан што некогаш се случил во Полска, доаѓа само две недели откако популистичката Партија за Закон и Правда, опишана како десничарска во медиумите, убедливо победи на изборите во Полска, истерувајќи ја претходната администрација која што не презела доволно цврста линија против инвазијата на Европа.
Националистичкиот собир, кој сам по себе се приложи кон официјалните чествувања за денот на независноста во Полска беше предводен од „Националниот Радикален Камп“. Маршот започна неколку минути по 14 часот од централната раскрсница во градот. На демонстрацијата се обрати Томаш Жимковски, пратеник и претставник „Националното Движење“ во Полска, лидерот на „Сè-Полската Младина“ - Адам Андрушкиевич и гостин, говорник од унгарската партија Јобик.
Во својот говор, Жимковски изјави дека првиот голем тест на полскиот парламент ќе биде прашањето за нелегалните економски мигранти од исламските земји. „Ние не ги сакаме тука“, рече тој, наидувајќи на воодушевувачкиот аплауз.
Андрушкиевич го посвети неговиот говор, напаѓајќи ја структурата на Европската Унија велејќи: „ Нашата мисија беше да ја спасиме Ребубликата од рацете на оние луѓе кои нè доведоа до тоа, да мораме да се збогуваме со нашите луѓе кои заминаа во Лондон да мијат садови...Ние сме тука ги спречиме овие криминалци кои кои го создадоа овој систем, и да ја вратиме нашата земја да ја владеат полските патриоти.“
Големата толпа постојано скандираше: „Полска за Полјаците“ и “Вчера Москва, денес Брисел, ни ја одземаат нашата слобода.“ Другите слогани, соопштени од старана на медиумите беа „Да побрзаме и да ги довршиме комунистите“ како и “Стоп за Исламизацијата.“
На манифестацијата можеа да се видат семејства со деца, националисти, подджувачи, постари лица, како и обични луѓе. Одблесокот на атмосферата беше одликуван со факели, како и море бело-црвени знамиња.
Во прилог на ова и неколку фотографии и видеа од оваа манифестација.































No comments:
Post a Comment