Wednesday, March 22, 2017

Четириесетте Младенци Маченици

На денешен ден се празнува празникот на "Четириесетте Маченици Младенци" познат кај народот како "Кркардаш". Посветен на 40те калуѓери кои во 14тиот век на почетокот на турските освојувања во Македонија, решиле до смрт да се спротистават и да не го дадат манастирот да падне во турски раце. Во тоа време над Битола се наоѓал манастир по име Св Атанасие. Додека траеле освојувањата во Битолско калуѓерите пружиле жесток одпор. Во едната рака со меч, а во другата со крст загинале сите до последен во одбрана на верата, крвта и честа на народот. Оваа саможртва се помни и празнува до ден денешен во битолскиот крај особено, а калуѓерите биле прогласени за маченици денес на истото место се наоѓа истоимениот манастир.

No comments:

Post a Comment