Во случајов, ќе зборуваме за нашата приказна на вековно невозвратена љубов - нашиот северен сосед, и ќе направиме една проста споредба, и паралела на случувањата со масовните поплави, и анализа на реакциите на просечниот Македонец кон тоа, како и на нашите соседи.
Имено, во 2014 година масовни поплави го погодија Балканот, како резултат на влијанието на HAARP системот, за кој ќе говориме во следната статија. Од март до мај, во главно, во 2014-та беше погодена Србија и Босна и Херцеговина, и притоа водите однесоа со себе 5 мртви во Србија. Во јуни, истата година, беше погодена Бугарија, поточно градот Варна, и притоа загинаа над 10 души. По поплавите во Србија, во Македонија, во повеќето големи градови веднаж почнаа да се одржуваат масовни хуманитарни акции и да се собираат донации за помош во погодените подрачја. Така Македонците испаднаа најсолидаризирани со нашите поранешни сонародници, и собраа над половина милион евра, покрај што владата на Р Македонија донира 100 000 евра. Додека, за поплавите во Бугарија кои однесоа двојно повеќе жртви, и се случија во исто време, едвај „срамежливо“ се информираше, во споредба со она што „националниот македонски идеолог“- Латас ни го пренесуваше за родната си земја. Кога човек од страна би ги гледал вестите во тоа време, би помислил дека не Србија, туку ние сме во крзина состојба. А македонските донации за Бугарија, не вреди ни да напоменувам, такви воопшто немаше, иако македонскиот Црвен крст ѝ ја понуди својата помош на бугарскиот. И на крајот, на списокот на донатори за поплавите во Србија, Македонија гордо беше на првото место, како најголем донатор, но под нашата референца БЈРМ.
По две години, она што им се случи на нашите соседи, нè погоди и нас, со двојно поголем број на жртви од Бугарија, односно повеќе од 20, не само како резултат на климатските промени реализирани со помош на HAARP, туку и на пред сè непрочистената канализација, ерозијата кој се случи поради слабата вегетација на гордниот дел од Скопска Црна Гора како и неуредните сливни подрачја, неплански изградената обиколница, а и слабиот капацитет на атмосферската канализација. И покрај тоа што, Македонците не донираа ниту денар за „Татаро-Монголите“ од Бугарија, директорот на бугарскиот Црвениот крст - Христо Глигоров, изјави дека добил многу повици од бугарски граѓани кои сакаат да им помогнат на настраданите во Македонија, а веќе во Благоевград започна хуманитарна акција за собирање на помош за Македонија т.е вода, храна, облека и сл. Но што мора да се признае Александар Вучиќ, српскиот премиер ја понуди помошта на српската полиција и пожарникарите. Важно е да се напомене дека и Албанија донира 100 000 евра помош.
Со ова, не ни е цел ширење омраза кон Србија и воедно фаворизирање на Бугарија или Албанија, туку само сакаме да го запрашаме обичниот Македонец, каде е репроцитетот помеѓу македонскиот и српскиот народ? Зошто српскиот народ не се крева масовно да ни возврати со помош за она во 2014-та? Дури и Бугарите, за кои ниту денар не беше дониран од македонска страна, се огласија повеќе од Србите. Или па допрва позитивно ќе нè изненадат? Најпарадоксално, во секој случај е тоа што, македонскиот одзив кон акциите за помош за поплавите во Скопско и Тетотвско досега е помал од оној пред две години, а воедно и српските и бугарските единици, повеќе беа вклучени во вадењето водата од поплавените куќи, отколку нашите. Дали тоа се должи на македонскиот етно-мазохистички менталитет? Вреди да се запрашаме и да размислиме. Зошто?
No comments:
Post a Comment