Еден ден пред овие предвремени парламентарни избори, многу од обичните Македонци, особено од средната и работничката класа сеуште се двоумат дали воопшто да излезат и да глаасат, а доколку го направат истото, за кого би го дале својот глас е нивната втора дилема. Иако ваквиот вид на наши сонародници поради било која причина не се нашле заробени во бипартискиот лаваринт во кој царуваат прагматични диктатори чија врховна цел и вредност е профитот по кој треба да се дојде по секоја цена и на било каков начин, а демократијата е средство за правење слеп при очи, неискажаното мнение на овие луѓе е исто како и да не постои, а во овој момент да се направи спротивното е да се гласа. Иако, ние како автономни и непартиски родољуби цинично и негаторски гледаме на ваквиот начин на избириње на власт со кој народниот глас на избори, се користи како број еден оправдување за нечесниот, ограбувачки и предавнички начин на владеење во најголем дел од европските држави, сепак и нам ни е доста од лошиот углед кој го добиваме поради тоа што се декларираме за етно-националисти, за каква што е сметана моменталната власт - која се надевам е во последниот нејзин ден на власт - а истовремено немаме ниту една допирна точка со една таква популистичка и предавничка структура, бидејќи да беше таква, ние сега би биле во нејзините први борбени редови. Но, во овој момент, нам не ни е толку битно да го истакнеме нашето видување околу државните системи, туку да ве убедиме зошто бипартизмот во Македонија, како и во САД која важи за најдемократска држава во светот е една иста монета со две страни.
Имено, кога еден патриот ги гледа тие црни кампањи кои се емитуваат на патриски узурпираните медиуми, не може а да не се поколеба за што да се одлучи, дали за федерализација и двојазичност на целата територија или за диктатура на една фамилија која за личното богатење е подготвена да гази и преку својот народ. И да, и двете овие обвиненија на двете најголеми политички партии од макеоднскиот блок со кои сакаат да го привлечат вашиот глас кон нив се основани. Но ниту двете немаат кредибилитет за истите контра-аргументи, бидејќи и двете партии го правеле истото она за кое ја обвинуваат спротивната, во помала или поголема мера. Па доколку ги имате гледано нивните препукувања во парламентот, тие на обвинувањата од спротивниот табор не возвраќаат со образложение со кое би го негирале обвинението како неточно и неосновано, туку возвраќаат исто така со обвинувања врз оние кои ги обвинуваат, со што и двете партии индиректно си ги признаваат криминалите и предавствата за кои се обвинети. Така, гласачот сфаќајќи ја оваа состојба треба да одлучи кое зло е помало, но бирањето на релативно помалото не го претвара истото во добро.
Исто така, нивните програми за економска преродба се чисти илузии кои очигледно, народот кој е толку уплашен од соочување со реалноста - сака да ги слуша. При надворешен долг од 50% од БДП, освен преку нови задолжувања во наредните 4 години вредноста на платите е илузорно да се покачи. И доведувањето на нашата земја во ваква состојба со ваков долг, можеби е најосновата причина за поддршката од Ционистите (главно Израел, САД, ЕУ) која оваа влада ја уживаше изминатите десет години. Бидејќи единствениот кој имаше корист од нашето задолжување беше ММФ и Светската банка кои се приватна сопственост на фамилијата која го владее светот - Ротшилдови. Ова треба да значи дека можеби и главната причина за воениот конфликт од 2001 е нашето осамостојување од светските паразити - банките.
За среќа или не, македонскиот патриот има и трета опција, а тоа е тројката која во рамките на можностите ја бранеше нашата татковина во 2001-та. Треба да се има предвид дека покрај тоа што под водство на таа влада Македонија беше финансиски независна, таа коалиција е единствената која на овие избори најавува скратување на Охридскиот рамковен договор, претворајќи го од етнички, во граѓански модулот за аплицирање за упис во високообразовните институции и македонската армија, со што Македонецот нема да биде повеќе дискриминаран. Иако, не може да се очекуваа којзнае што од тие луѓе и на истите треба да се гледа со резерва, бидејќи покрај тоа што независниот националист својот долг не го исполнува со заокружување еднаш на две или четири години на носечки број за имено конзервативна/националистичка опција, овие луѓе полека се сообразуват со ситуацијата, губејќи го национално-радикалниот лик, а и со оглед на безизлезноста од канџите на Ционизмот со кој е окупиран скоро целиот свет, па и нашата мила родина, факт е дека порепресирани националистите од оваа влада никогаш не биле, факт е дека македонското етничко ткиво пораспарчено од сега не било, факт е дека национализмот кој оваа влада го користи предизборно за загреани глави, никогаш не бил подискредитиран, а патриотизмот поомаловажуван, и исто така дека Македонецот својот спас надвор од Македонија не го барал повеќе ниту за време на турското и српското ропство, одколку сега и како резултат на тоа од Македонија за овие 10 години се иселени со сигурност 200,000 жители. Треба да се има предвид уште еднаш дека, економски и во смисол на национален дух, Македонија никогаш од осамостојувањето па до денес не била посилна од периодот 1998-2002.
Ова е најобјективната анализа која може да се направи од непартиски аспект, на секој Македонец кој искрено ја сака својата татковина, и својата иднина не ја гледа во спас надвор од тука, туку во саможртвена и неполеблива борба против секој тиранин. И за да нема забуни, оној кој не излегува да гласа, од било која причина, а истовремено се противи на моменталната власт, со својот молк, тој ја поддржува истата. Нека овојпат ставиме крај на лажниот патриотизам.
No comments:
Post a Comment