Tuesday, October 10, 2017

"Vive le Roi!"

Величко Димитров Керин, Владо Черноземски, Петрус Келемен, Владо "Шоферот"...
Многу имиња, а еден ист човек, многу изречени и исполнети смртни пресуди на одродници и душмани на организацијата, од еден тивок човек.
Човекот кој го изврши атентатот на векот и ја сопре за момент асимилаторската политика на тиранинот Караѓорѓевиќ кралот на тогаш моќната СХС. Величко Димитров роден во Каменица (Велинградско) Бугарија иако неговите корени потекнуваат од штипски бегалци од Македонија.
Човекот кој целиот свој живот го посвети на борбата за Македонија ослободена од српската асимилаторска чизма, човекот кој верувал дека животите не смеат да се повредуваат и постојано се дружел со книгата, бил националист и ги мразел оние кои што постојано во неговото опширување се опивале и живеее нечесен и недостоен живот. Човекот кој живееше за да покаже како е достојно да се умре за Родината!
Датумот е 09.10.1934 кога овај безстрашен јунак се втурнал кон автомобилот во кој по марсејските улици со злобни насмевки се возеле Кралот Александар Караѓорѓевиќ и неговиот пријател, францускиот министер Луи Барту. Извикувајќи "Vive le Roi" (Да живее Кралот) од толпата скокнал добро облечен човек со шапка на главата и букет во раката од кој почнале да фрштат куршуми кон Кралот и министерот.
Од денешна гледна точка 09.10.2017 далечна е 1934, а и таквите фанатици одамна се мртви, но ни останува заветот да се сеќаваме на овај безстрашен јунак кој својот живот не го жалел за слободата на нашата земја.
Денес иако Кралот е мртов повторно сме во окови и пред битки повторно некои нови поданици на белградските крвници стојат пред нас. Одродниците и одпадниците на новокомпонираниот југокомунистички-македонизам кој впрочем нема ништо македонско во него и секој ваков јунак од рангот на Черноземски е сатанизиран и претставен како нешто срамно. Наше е да ја шириме вистината и да сме гордни на овие вистински македонци а не на оние кои ни ги донесол Белград. Ние активистите на Национална Борба и овој пат се погриживме овај херојски чин на саможртва да не биде заборавен и го одбележавме на наш начин, можеби слично како што делувал и загинал тој надвор на улица!
Ние ќе победиме иднината е наша!
Свобода или Смърть!

















No comments:

Post a Comment