Monday, January 22, 2018

Глобалната сексуална револуција-таен инструмент за промена на вредностите кај нациите

Никогаш порано во историјата властите и елитите не се осмелиле да го менуваат половиот идентитет на мажот и жената преку политички стратегии и законски мерки. За таа цел, им недостасуваше знаење за социјалниот инженеринг. Тоа е она што се случува денес пред нашите очи на глобално ниво. Името на стратегијата е: Gender-Mainstreaming. Оваа борба се води под маската на рамноправноста на жените и мажите, што всушност се покажува еден тактички преоден стадиум.
 Всушност, тие војуваат против бракот, против семејството, против детето, против жената како мајка, за целосна дерегулација на сексуалноста. Тие се борат против сè што им беше одбиено на лезбејките. За да го наметнат тоа на општествено-политички план, потребен е еден нов збор, затоа што јазикот не ја одразува реалноста,туку тој и ја создава. Магичниот збор е пол. Старатиот збор sex (пол) требаше да биде заменет со нов, затоа што дотогаш на прашањето: "Кој е вашиот пол?". На луѓето им текнува само два одговори: маж или жена. Поимот "рододов пол" беше воведен за да се постигне токму тоа - преку политичката борба да го "поколебаат", "дестабилизираат", "деконструираат" половиот поларитет. Тоа мора да стане мејнстрим.

 Со ова го збунуваат нормалниот човек кажубаат дека едно дете не се раѓа како машко или женско, иако секој нормален може да го распознае бебето уште првата секунда на раѓањето, туку дека неговиот биолошки пол и надворешен изглед не игра улога во тоа. полот се одредувал "понатаму во текот на животот" во зависност како детето се осеќало, односно полот зависел од психичката и менталната состојба, а не од сексуално физичката. Па така на запад денес постојат специјални "градинки' каде што децата од мали се воспитуваат односно се присилуваат да не го знаат својот пол, дури и во разговорот им се обраќаат во трето лице. За состојбата да е потрагична ова се случува особено врз машките деца на кои од најрана воздраст "предавања" и "драматизации" им прават "драг-кралиците" кои се мажи или трансексуалци со искривена сексуална слика и честопати се облечени во гардероба од спротивниот пол. Прашањето е зошто кога на децата им се зборува за религија овие луѓе тоа го доживуваат толку болно и го опишуваат како право на избор, зошто тогаш истите имаат потреба толку многу да го наметнуваат својот политички став за сексуалниот идентитет особено врз деца.

No comments:

Post a Comment