Што е тоа песимизам? Тоа е гледање само на негативните ефекти при остварување на некоја цел кое доведува до откажување. Во секое дејствие има негативности. Само индивидуите со слаб каректер или кукавичлук наоѓаат нешто негативно, со што би нашле изговор за да не го направат нештото. Ризикот и жртвувањето за нешто за кое не сме во полза (што е себичност) треба да ги избришеме од нашата глава и да мислиме само она на кое што сме замислиле да го направиме. Ако стремежот ни е вистински, исполнет со голем фанатизам, ќе направиме се за да ја достигнеме нашата цел. Доколку ризикот е преголем и во прашање е постоењето на некој/а или нешто тогаш ќе ја смениме методата на дејствување, но никогаш нема да се одкажеме!
No comments:
Post a Comment