Sunday, August 31, 2014

Иван Михајлов за погребот на Тодор Александров


Откако се измивме, Аргир Манасиев рече дека можеме да одиме. Ние прашавме каде се Протогеров и Тодор и тој ни одговори дека токму кон нив ќе одиме. И тргнавме, ние петмината, и тие тројцата - Аргир, Маџаров и Ганчев, по една пријатна патека која постепено се возвишуваше, заградена од двете страни со грмушки. По неколку минути Аргир, кој одеше со неколку метри пред нас молчаливо, застана кај еден преслап на патеката и не покани сите нас, ако сакаме, да си отпочинеме малку тука. Некои од нас поприлегнаја; одморот навистина беше потребен, особено за постарите. Неочекувано Аргир проговори како што се исправи. Јас бев наспроти него и веднаш разбрав дека лицето му доби особен израз; уште со првите две-три збора беше јасно дека тој се мачеше да даде некоја свеченост на гласот.

- Браќа, на мене падна многу тешка задача, да ви соопштам дека нашиот голем Тодор не е веќе жив...

Тоа беа зборовите кои Аргир ги изговори побледен, засрамен. Некои од нас и не разбираја што точно зборува тој. Панчо Михајлов скокна како убоден и извика: „Што, што вели Аргир?“

- Јасно е што - појаснив јас - убиен е Тодор.

Во тој момент целата група беше на нога. Сите како заковани на местото, шокирани. Панчо, како што беше во право, легна на земјата, почна да се тркалаат ту на таа, ту на онаа страна, викајќи: „Леле, леле, Тодор убиен... Точно ли е? Кој го убил?...“ Обземен беше од некоја нервозна несвестица. Викнав: „ Станувај да одиме, да ни кажат каде е Тодор.“ Нема зошто да се жалиме и плачеме. Ништо не можеме да поправиме со плач.“ Не си сеќавам веќе дали нешто рекоа останатите тројца другари. Знам дека како се погледнавме со Монев и Прличев, споделувајќи си премолчено, дека оправдани биле сомнежите ни. Монев длабоко воздивна: „Ах Тодор, ах Тодор...“ Аргир ни кажа дека тука во близина има една црквичка и таму е положен Тодор со другарот му. Тогаш разбравме дека е убиен и Панзо. И со побрзи чекори веќе тргнавме сите напред, задушени од тага и од напон. Многу грижливи ми се видоа и тројцата души, кои ни придружуваа. тие ни појаснија дека од конгресот им беше доверено да ни соопштат тешката вест, затоа божем случајно тие токму утро се најдоа околу нас покрај потокот.

Очекував подолго да одиме. Но одеднаш пред нас се испружи широка ливада; зад неа подалеку  се покажаа планински масиви, забележав на другиот крај на ливадата ниска зграда - тоа беше црквичката. Уште додека поминавме низ ожнеаната нива зазела половина од ливадата, во пресрет многумина се раздвижија откај црквата и едни тргнаа да нe пречекаат. Сите ни подадоа рака, но најдобро запаметив како Алеко и потполковникот  Атанасов се изпречија во униформи пред нас, со пушки на рамо, и исто така не поздравија. Тие изгледаа како да беа најтажни. Алеко беше дури разсолзен. И двајцата промрморија по два-три збора за утеха. Јас му реков на Алеко: „ Што беше - беше; Сите треба да се држиме цврсто и со вкупен труд да се израмни барем еден дел од постигнатата ни загуба. Особено на нас тројцата се наметнува храброст; знаете дека сите дејци кај вас ќе трагаат потпирачач. “ Немаше тука потреба допрва да мислам какво однесување треба да има тројката. За мене беше јасно и веќе одлучено како треба да се однесувам уште кога правев повеќе црни толкувања за значењето на нашиот повик.


Ние посакавме да влеземе во црквичката, за да ги видиме покојните. Сè што сеуште за нас беше како страшна приказна, стана пред нашите очи реалност. Тодор лежеше во еден набрзина подготвениот ковчег од тесни обични летви; и тие се покажаа недоволни, та на некои места празните простори меѓу нив беа пошироки отколку самите летви. Во исто таков сандак лежеше Панзо. Тој беше грдо подуен. А Тодор, кој беше слаб, сега изгледаше прилично здебелен, ми се пристори разубавен. Во црквата не можевме подобро да се гледа во сè, зашто беше темно. Особена влага потискаше во таја мала црквичка.

Разбра дека нас ни се повикале за да присуствуваме на погребот. Покојните биле еден пат закопување веќе, по наредбата на Атанасов и Алеко, неодамна по убиството им. Но после потсетување на некој делегати Протогеров инсистирал дека треба да бидеме повикани.

Ние првично не бевме повикани да присуствуаваме на погребот на Тодора, но Протугеров инсистирал дека треба да бидиме повикани.

No comments:

Post a Comment