Monday, February 9, 2015

Интервју со Софиските Патриоти - Организаторите на Луковмарш!


Што станува cо Луковмарш во 2015 година имате ли притисок и од кој?

Денес, две недели пред Факелната поворка уште не може да се каже точно што ќе се случи. Ние, како и секоја година, почнавме кампања пред Луковмарш на 6 јануари, кога е роден генералот. Засега сме многу задоволни од нејзиниот развој. Активисти од цела Бугарија организираат пропагандни акции во своите градови. Слободно може да се каже дека ова е најголемата кампања организирана од националното движење во Бугарија.
Што се однесува до нашите непријатели, тие се уште молчат. Единствено претседателот на турската партија во Бугарија, Лyтви Местан, го спомена Луковмарш во својот говор кон претседателот на ВМРО -БНД Красимир Каракачанов. Ние очекуваме дека од почетокот на идната недела ќе започнат нападите против маршот кои како и секоја година, ќе имаат за цел тој да биде забранет од градоначалничката на Софија. Овие напади традиционално доаѓаат од различни средини. Првата група на противници на Луковмарш се претставници на различни невладини и етнички организација - Бугарски хелзенски комитет, Бугарски антифашистички сојуз, Еврејската масонска ложа Бнеј Брит и други. Заедничко за нив е дека се борат против сето национално. Другата група противници на Луковмарш се речиси сите домашни партии. Така партии, кои инаку се големи противници на политичката сцена, се обединуваат во барањето за забрана на маршот. И третиот круг, од каде има притисок, се странските амбасади во Софија. Досега отворено против Луковмарш се изјасниле од израелската, руската и Американската амбасада. Начинот на кој тие се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, не е изненадувачки, бидејќи тоа е нивна редовна пракса, бидејќи тие многу добро знаат дека бугарските политичари се обидуваат да им угодат на секаков начин.
Што ќе измислат оваа година нашите непријатели, не може да се предвиди точно, но што и да е тоа, нема сила на овој свет која ќе не откаже од намерата да го отпочитуваме ген. Христо Луков.



Каква е состојбата на Бугарските националисти во
„европска” Бугарија?

Ако треба да одговориме на кратко, ситуацијата е многу тешка за нас. И тоа е сосема природно, бидејќи политичкиот систем, кој владее во Бугарија, туку и во цела Европа, е либералната демократија, чија идеологија е спротивна на она за што се бориме ние. Затоа и власта во моментов се обидува со секакви средства да не прогонува и да ја отежнува нашата дејност. Но, тоа не е нешто ново за Бугарија. Се започна уште пред 70 години, кога црвената армија ја донесе на власт комунистичката партија, која веднаш почна со извршување на сите националисти, како многу од нив беа осудени на смрт во смислени процеси или испратени во работни логори. Во најголем дел тоа беа легионери од СБНЛ, организацијата која ген. Луков ја предводеше. По 1989 година политичкиот систем се смени, но не и односот кон националистите. Всушност промените беа само површни и практично владеачите беа исти или нивни наследници. Затоа и новиот систем го задржа својот антинационален карактер. Само методите со кои се бореа против нас, се променија. Веќе не не испраќаат директно во логори и затвори, но со медиумите кои тие ги контролираат, ја отруја свеста на нашиот народ. Дополнителна преку тајните служби псевдо-националистички организации и партии, кои имаа за цел да го компромитираат национализмот. Беа испратени во круговите на националистите, агенти и провокатори на полицијата, кои имаат за цел да предизвикаат интриги меѓу одделните луѓе и организации.
И покрај сите овие напори, во последните години се формира едно национално движење, во чие јадро се млади националисти од различни организации и градови на Бугарија. Тоа собира повеќе следбеници и полека почнува да станува фактор во нашето општество, макар и да е дискредитирано од сите страни. Индикативен за напредокот на ова движење е точно Луковмарш. Од поворка со 15 луѓе пред 12 години, денес тоа е манифестација, во која учествуваат илјадници националисти од нашата земја и Европа. Секако патот пред нас е уште многу долг и тежок, но ние сите сме цврсто решени да го изодиме, ако сакаме нашата Татковина да преживее !



Што се случува со исламистите и бегалците кој влегуваат во вашата земја, кој им го дозволува тоа и што правите по оваа ситуација?

Масовната имиграција на имигранти од Африка и Блискиот Исток е едно од новите средства, со кои се обидуваат да го убијат народот ни. Тоа е процес кој го гледаме во последните 30-40 години во земјите од Западна Европа и коj гледаме кон какви трагични последици води. Но за нашата земја тоа е релативно нов процес од последните 2-3 години, кој сепак брзо добива на интензитет. И резултатите од него се веќе видливи и со голо око. Ако на пример се прошетате  еден час во центарот на Софија, веднаш ќе забележите колку многу од овие дојденци ќе сретнете.
Тие влегуваат масовно преку бугарско-турската граница речиси непречено, бидејќи од една страна Турците не прават ништо за да ги запрат, а понекогаш дури и им помагаат да ја преминат границата, а бугарската полиција е многу лошо опремена и не може да ги запре. Статистиката е преголема и покажува дека на ден понекогаш влегуваат над  100 илегални имигранти.
Нашите политичари се обидуваат да го прикријат проблемот, се обидуваат да го прикријат вистинскиот број на влегување во земјата на имигранти и да ја омаловажат заканата од нив, како што ги нарекуваат "бегалци" и се обидуваат да ги претстават како страдалници и добродушни луѓе на кои ние сме им должни да помагаме. Вистината е дека огромен дел од овие луѓе кои бараат само полесен живот и се надеваат дека ќе живеат на грбот на социјалниот систем во државата, каде што ќе најдат засолниште. Но уште поизразено е дека меѓу овие придојдени има и терористи и воени злосторници, претежно од Сирија, кои можат слободно да се шетаат во нашата држава, откако ќе добијат статус на бегалец. Сами може да замислите што може да случи кога луѓе кои до неодамна сечеле глави ќе паднат меѓу луѓе кои немаат ништо заедничко со нивниот вредносен систем.
Освен тоа проблемот со овие таканаречени "бегалци" е дека тие живеат тука целосно зависни од нашата држава и тоа дополнително ја влошува економската состојба на Бугарија. Да не зборуваме дека многу од нив се занимаваат и со кривични дела, како што се продажба на дрога. Веќе има и многу случаи на напади и грабежи на имигранти над Бугари.
Да ги прифаќаме сите овие натрапници сме принудени од Европската унија. Нешто повеќе, дури и кога некој од овие имигранти ќе отиде во друга европска земја и биде фатен таму, тој ќе биде вратен повторно во Бугарија, бидејќи во европското законодавство, ние, како прва земја на ЕУ, во која тој влегол сме одговорни за него.
Може спокојно да кажеме дека оваа неконтролирана имиграција е една темпирана бомба, кој порано или подоцна ќе експлодира во Бугарија и ќе доведе до големи пресврти.

Ние, како националисти, се разбира цврсто се противиме на тоа и затоа водиме активна пропаганда против овие процеси. Сме организирале веќе и неколку протести на оваа тема. Добро е што голем дел од бугарскиот народ е на нашата позиција, но тоа се разбира не ги интересира нашите владетели, кои ги слушаат само нивните господари од ЕУ и ги извршуваат нивните наредби.

No comments:

Post a Comment