Денес во Македонија, земја во која што сиромаштијата, нерваботеноста и необразованоста се на високо ниво. Земја која се соочува со масовни иселувања во странсто, со голема стапка на бела чума, со збунет народ кој е претворен во партиски послушник и за некаква си мизерна работа и партиско додворување е спремен да го продаде не само својот брат, туку и своите деца. Денес имаме една доста збунувачка ситуација. Од владејачката партија ДПМНЕ добиваме некакви си патриотски гаранции и ставови во нејзините медиумски слуги од типот: Канал 5 и Сител го бранaт нашиот „вековен идентитет“, јазик, име и вера и дека тоа е се што имаме. И дека некакви си соросоидни и анти-национални предавници и се закануваат на нашата безбедност. Сето тоа ќе беше во ред доколку истите овие медиуми не се преплавени со антимакедонски, исламски серии кои наголемо ја искривуваат историјата и крвавото турско пет вековно ропство го прикажуваат како некое си високонапредно модерно општество во кое секој имал право да живее и бил слободен и безбеден, а борците за слобода - комитските и ајдутските чети ги претставува како разбојцини и обични силувачи и агресори. Ова oсобено се однесува на таканаречаната серија „Збогум Румелија“. Денес директно преку телевизијата во секој дом се пласираат овие јаничарски серии во кои нивните бедни ликови и обичаи треба да претставуваат наши херои и пример за однесување и воспитување нашите деца.

No comments:
Post a Comment