Многу пати
си слушнал фрази од типот „За што се бориш, зошто се замараш?“- тоа било порано, тоа е
минатиот век“ или „Зошто ти се сите овие идеи и „омраза“, подобро
размисли каде да заработуваш, да украдеш повеќе пари,да си фатиш повеќе девојки“.
Излегува дека современоста е евтинина, ова е век на материјализам, капитализам и целосна деградација на
општеството... Та нека горат во пеколот со своите „вредности“! Подобро да живееш „не модерно“ или како што велат „во минатиот
век“ - кога луѓето ја
ценеле љубовта, знаеле што е
чест и пријателство, биле верни на
партнерот и се бореле за својата татковина! Сети се дека има работи повредни од
парите, дека парите водат кон пропаст, го уништуваат човека... Парите и либерализмот можат да те уништат и
тебе...
Ти веќе не се радуваш на сонцето, пеењето на птиците, тебе ти носат радост исклучиво
банкнотите, а во душата твоја останува пустелија... Ти си
изгниен, престануваш да живееш... Парите се разврат и пијанството – а ти остануваш заробен.
И сето ова
е зло парче од современоста. Настанува време на деградација на
општеството...
Наместо љубов – разврат и секс.
Наместо пријателство - користољубие.
Наместо саморазвивање
- паразитизам.
И тоа е современоста ...
Ужасна, скапана,
беспомошна, бездушна, но современа
... И тоа е тажно ...
Од тоа ти се плаче.
Треба да се менуваш! Да го преиспиташ
својот живот! Да живееш со високи вредности!
Развивај
се! Учи! Грижи се за природата! Промени го во подобра насока општеството! Сите нема да можеш да ги
промениш, но ќе си сигурен дека не си се предал и дека си го направил она што си го можел.
Ја мразам
оваа современост...
Време на безгранична „слобода“. Луѓето се ’рѓосани, не разбираат што е
вистинска слобода.
Легализација на дрогата, еднополови бракови, абортуси - тоа за нив е слобода.
Ако слободата не ти овозможува да останеш човек, значи дека тоа не е слобода... Тоа
е ропство. Луѓето се робови на овај скапан систем од „вредности“,
кој е измислен за минијатурните луѓе со комплекси.
21-от век - ова е век на распадот и разложувањето
на човечката душа.
И додека не е доцна треба да се менуваш!
Треба да си верен на своите избраници, да веруваш во
љубовта, да се сватиш дека пријателството е повеќе од весело поминување на
времето, пријателство е кога си спремен да го дадеш својот живот заради пријател, кога притрчуваш на помош во
тежок миг.
Саморазвитието е трудољубиво учење, читање книги, вежбање,
креативност (цртањето, музика и сл.), грижа за
животните, природата.
Изборот е твој!
Само ти избираш каков сакаш да бидеш - современик со изгниена душа или Човек со голема буква!

No comments:
Post a Comment