Денес повторно сме сведоци на тоа како за ситни политички поени и отргнување на народното внимание од лошата економска и политичка ситуација, во нашата држава, анти националната власт која нема проблем нејзината полициска моќ да ја домонстрира врз нашиот народ, повторно пробува да игра на картата на меѓуетничкиот раздор со цел да се прикажи како жртва на големо-албанскиот екстремизам. Јасно е дека ваквите симулирани нападни врз нашата армија и територијален интегритет имаат за цел повтгорно да го запалат огнот кај македонскиот човек особено кај младата популација врз чиј грб се кршат ваквите активности за на крајот пак да биде пуштена низ вода исто како кај настаните што се случија кај калето и ред други подоцна. Играњето на анти-македонските политичари со нивниот лажен патриотизам дополнително ја влошува и така лошата ситуација во нашата држава. Се прашуваме каде се сега сите оние лажни владини патриоти и граѓански движења за како што тие велат за "одбрана" на Македонија? Македонскиот млад човек треба да знае дека ова е само уште една валкана игра на власта и опозицијата чија цел е да го свртат и онака поделениот македонски народ да се убива брат со брат за тие поудобно да ги делат нивните тендери и да седат во удобните фотељи. Во Македонија привилегираните малцинства со помош на странците, а најмногу заради неспособните политичари успеаа да влезат во секоја пора на општеството и само луд човек може да помисли дека ќе водат војна за некакви си права кои веќе и вака и така ги имаат добиено. Македонецот треба да биде остроумен и да знае дека доколку нашиот народ е спремен за револуција и за чистење треба да започне од своите редови а особено од политичарите кои за последниве 20-тина години ја доведоа нашата родина до работ на егзистенцијата и протераа повеќе луѓе од Македонија отколку српските окупатори, а подоцна и комунистичките удбаши за еден век!
No comments:
Post a Comment