Sunday, June 21, 2015

"Словачка на Словаците": Илјадници луѓе се приклучија на протест против исламизацијата во Братислава!

Под слоганот „Словачка на Словаците“, денеска во Братислава - главниот град на Словачка излегоа илјадници граѓани на протест против исламизацијата и емиграцијата.
Братислава доживеа еден од најголемите собири во последниве години. Повеќе од 8.000 луѓе присуствуваа на настанот, кој беше насочен против квотата на Европската унија за имигрантите и против отворена имиграциона политика. Настанот беше поддржан од политичари, граѓански активисти, претставници на локалната власт и други.
Повеќето учесници се собраа на главната железничка станица, од каде поворката се упати плоштадот СНП, каде што се чекаа уште демонстранти.
На присутните, исто така, им се обрати градоначалникот Jozef Šimko, кој како претставник од регионот со највисока стапка на невработеност во Словачка укажа на апсурдноста на имиграционата политика. Поранешен член и новинар Eva Zelenayová во говорот позитивно го оцени учеството на младите луѓе, кои се грижат за иднината на нивната татковина.
Неколку говорници го делеа мислењето дека бегалците треба да се згрижат во државите кои ги бомбардираа нивните матични земји, т.е. главно во САД.
Целиот настан беше одбележан со дух на смиреност, иако некои од учесниците го манифестира своето противење кон агендата за имиграција на помалку културен начин. Организаторот Luka Kopáč  најави да се организираат понатамошни протести спроед ентузијазмот на бројот на учесниците да се продолжи до остврување на барањата (нула квота за имигрантите).

Словачка не е Африка!


No comments:

Post a Comment