Thursday, July 23, 2015
Ѓоко Лазаревски - Херој на нашето време!
На денешен ден - 21-ти јули, 2001 година, пред точно седумнаесет години, бранејќи го родното село Лешок, селаните, семејството со неродениот си син од терористите на ОНА (UÇK), со цел да ја обезбеди евакуацијата и сигурниот премин на населението кон соседното село Жилче, во нераамна борба со нео-балистите загинува Ѓоко Лазаревски, на триесетгодишна возраст.
Ѓоко Лазаревски пред да започне воениот конфликт во Македонија, имал воено искуство, како војник во ЈНА, и бил учесник во битката за Вуковар. Со започнувањето на конфликтот во Македонија, неговиот роден Лешок, како едно од ретките села во Тетовско населено со православни Македонци, било на мета на ОНА. Тој доброволно се пријавил како полициски резервист за да ја брани својата татковина. Тој, заедно со четворицата негови другари, неколкудневно активно го бранат селото и манастирот, без никаква воена или полициска поддршка. При наредбата да го напушти селото, тој одбива да се повлече, и останува на своја одговорност да го брани родниот си крај. По неколкудневниот отпор, свесен дека нема да ги издржи понатамошните напади, тој ги известува селаните, што е можно побрзо да се евакуираат, во коешто и успева, задржувајќи ги терористите до неговиот последен миг, кога е покосен од шрапнел од минофрлачка граната кој го ранува во неговата глава. Откако му е укажана помош во медицинскиот центар во Тетово, пренесен е во клиничкиот центар во Скопје, каде по еден ден ја завршува својата борба за родината, оставајќи ги зад себе семејството, сопругата и синот, кој никогаш не го дочекал. Поради тоа Лешок во тогаш бил освоен од ОНА, тој наместо во родниот крај за кого го дава и животот, погребан е на гробиштата во Општина Ѓорче Петров, што силно ја погодило неговата мајка. Лешочкиот манастир, откако било освоено селото, на 21 јули, бил окупиран, уште еднаш, како што е опеано во народната песна „Сардисале Лешочкиот Манастир“ и миниран во 3 часот наутро, како и пред тоа, за време на опсадата во 1905-та, од страна на Албанци од Слатина.
Последните зборови на Ѓоко: „Не ве остава Ѓоко вас“, оставиле траен белег кај неговите другари, сите негови познаници, како и кај секој Македонец, свесен за неговото херојско дело. Многумина неговото дело ќе го препознаат во стиховите од поемата на Григор Прличев - „Сердарот“: „Бидете смели, нечесноста не ќе нè плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја, и нека срцата охрабрат Ваши.“ Во 2012-та за време на одбележувањето на 11-годишнината од неговата смрт, неговиот 11-годишен син Ѓокица, гордо го подигна државниот јарбол, пред подигнатиот споменик на кој се врежани зборовите: „Времето поминува, тагата не згаснува, споменот вечно останува.“
Ти беше храбар човек кој во ниеден миг не се поколеба за одбрана на својата родина Македонија. За разлика од политичарите кои капитулираа, ти не се предаде и се бореше до крај. Вечна ти слава, хероју!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment