Tuesday, November 3, 2015

Почнува!!!


Во Шведска масовно се палат прифатните центри за бегалци, за само шест дена запалени три центри во близина на Гетеборг.

Улични борби во Германија: Шестмина сириски бегалци сурово претепани во текот на викендот.

Во Магдебург 30тина германци претепале двајца мигранти, во Саксонија нападнат е бегалски камп со експлозиви. Најмалку шестмина сириски бегалци биле тепани викендов во различни области на Германија. Се соопштува дека наводно шестмината се хоспитализирани по нападот.Еден од инцидентите се случил во Висмар. Таквите напади биле извршени во Магдебург, каде напаѓачите биле над 30 лица. Тие нападнале двајца (26-годишен и 35-годишен) бегалци. Еден од напаѓачите бил уапсен.
Во Саксонија друг бегалец бил повреден, откако врз зградата на центарот за сместување на мигранти биле фрлени експлозиви. Сириецот е повреден од стаклата на прозорците во неговата соба, кои се искршиле од експлозијата. Властите во Саксонија го осудиле нападот
Пријавени се и жестоки напади во Дрезден и други градови.
Нападите против имигранти и бегалци во местата со кампови се зголемија драстично во Германија во последните месеци. Според податоци на Министерството за внатрешни работи, во текот на оваа година се извршени 576 такви напади, додека минатата година тие биле 198.

Ќе додадеме дека во последните години во Германија и покрај антигерманските закони од страна на левичарските либерални власти се зголемува револтот и отпорот кон се позачестената антигерманска политика. Средната класа како и младите луѓе се ориентираат кон традиционалните вредности и славното германско минато кое се коси со политиката на отворени граници и мултикултурализам кој го застапува владејачката гарнитура. Сето ова е испровоцирано од мигрантите кои воопшто не се мигранти или бегалци кои не доаѓаат за мир и со мир!

No comments:

Post a Comment