Saturday, November 7, 2015

„Руски марш“ - 2015

На 4 ноември секоја година се одржува „Рускиот Марш“ кој претставува најголема манифестација од ваков ранг во Русија кој се одржува со центар во Москва, а се почесто последните години и во многу градови ширум Русија на која учество земаат најразлични руски националистички и родољубни организации.
На  4 ноември и оваа година на различни локации низ Москва илјадници руски националисти се приклучија на „Рускиот Марш“. Оваа година традиционалниот националистички марш се одржа под паролата „Долу диктатурата!“, „Долу системот на КГБ!“, „Слобода на политичките затвореници!“, „Слобода за Димушкин, Слобода за Белов, Слобода Колегов!“, „За правата и слободата на рускиот народ!“, а исто така можеја да се видат и пароли кои се залагаат заа славјанско единство под паролата „Рускиот народ против војна со Украина.“
Паралелно со националистичките маршови во Москва, се одржаа бројни акции на солидарност и во Краснодар, Липецка, Тула, Волгоград, Вологда, Екатеринбург, Сиктивкар Улјановск, Томск и други градови.

„Во Москва „Рускиот Марш“ се одржа во областа Лублино. Овогодинешната акција ни покажа дека илјадници млади луѓе се подготвени да излезат на улиците на руските градови за да се борат против анти-националниот режим на Путин под знамињата на рускиот национализам. Овој марш беше најуспешнен во последните две години. Особено сме задоволни со зголемување на идеолошко ниво на учесниците на „Рускиот Марш“. Денеска видовме многу идеолошки писмени и соодветни луѓе, вистински политички војници. Ние живееме во една земја, во која секој граѓанин може да е затворен за 5 години поради непристоен коментар на интернет или опозиционерски графити, но овогодинешниот марш ни покажа дека 1500 имаме луѓе кои не се плашат, и тоа е доволно за сето тоа да се промени. Сите ние треба да имаме дисциплина и желба да победиме!“ - се вели на веб сајтот на „Руски Марш.“

„Во постојани услови на притисок, силата на отпор се кова како во печка. Се ослободивме од сите кои испаднаа кукавици т.е лажните националисти, патриотите на режимот на Путин, кои што ќе направат сé што ќе им каже ТВ-та. Се разбира, многу луѓе беа заплашени од репресии, цела Русија беше покриена со превезот на страв. И покрај тоа, илјадници луѓе сеуште се подготвени да излезат на улиците за да го изразат своето незадоволство против КГБистите и крадците.“ - се додава.



No comments:

Post a Comment