Monday, November 9, 2015

Германија ќе врати илјадници бегалци на Балканот во следните месеци


Додека нашиот народ наместо вистински да се спротивстави на инвазијата на Европа, се теши со тоа што оваа несреќа не го снашла него т.е дека бегалците не остануваат во Македонија, туку само транцитираат низ неа, министерот за внатрешни работи на Германија Томас Де Мезиер, изјави дека Германија ќе врати илјадници бегалци со отфрлени молби за азил на Балканот, откако Берлин ја затегна својата позиција кон економските имигранти.

Според зборовите на министерот, во наредните седмици бројот на вратените бегалци и депортациите ќе нарасне значително.

„Федералната служба за миграцијата и бегалците е задолжена да разгледа многу молби за азил пред Божиќ“, рече министерот, додавајќи дека „десетици илјади“ отфрлени кандидатура ќе треба да ја напуштат Германија.

Германските власти досега  протерале 11,000, а други 27,000 слободно ја напуштиле земјата со финансиска помош, изјави министерот.

Германија очекува да пречека еден милион лица кои бараат азил оваа година. Многу од оние кои пристигнале до моментот, се од воено разурнати земји  како Сирија и Ирак, но значителен број доаѓаат и од безконфликтните земји на Балканот. На крајот од предходниот месец, Германија ја додаде Албанија, Косово и Црна Гора кон „списокот со сигурни земји“ што ги лишува од правото на азил. Според официјалните податоци Германија добила 577 307 молби за барање на азил од јануари до септември. Од нив 66 311 биле албански државјани, а други 32 258 се Косовари.

Па по сево ова кое не очекува, вреди да се замислиме...


No comments:

Post a Comment