Tuesday, December 29, 2015

Продолжуваме онаму каде што застанавме!

Сакаме да ги известиме нашите симпатизери, и сите оние кои нè следат, зошто привремено бевме отсутни од facebook просторот со нашата страница. Тоа е затоа што таа пред неколку недели беше избришана од страна администраторите на facebook, бидејќи тој како таков поддржува само промоција на организации, моди и движења кои се залаат за уништување на националните држави и традиционалното, патријархално општество, кои поддржуваат легализација на најразлични дроги, ЛГБТ кампањи и сл. Имено, линкот од страната беше постиран во „антифашистичка“ facebook група за да биде репортиран, па така страната лесно нѝ беше депубликувана со објаснение дека шириме „говор на омраза“. И тоа не треба да зачудува, зошто насекаде низ светот вистината е етикетирана како говор на омраза и игнорирана, а социјалните мрежи од овој тип познати се како промотори на блуд и разврат, кој дирекно се коси со нашиот чист светоглед. Но сакаме на нашите непријатели, па и на facebook да им порачаме дека колку и да ја пријавуваат страната со различни обвиненија и да ја бришат, ние нема да застанеме со нашата борба и активизам. Напротив, ова не нè демотивира, туку ни даде до знаење дека сме на правиот пат кон целта што од друга страна предизвика паника кај левичарските „револуционери“, но исто така нè поттикна и охрабри уште посериозно да се активираме, и ни докажа дека трудот кој го вложувавме во објавување на разни статии и материјали заедно со уличните акции во изминатава една и пол година се исплатеше бидејќи нашиот глас беше чуен. Во новата година продолжуваме онаму каде што застанавме, ширејќи ја вистината колку и да е непријатна за слухот на просечниот Македонец. Следуваат нови статии, проекти и акции. Нека ни е среќна новата 2016 година, драги соборци - сонародници и сите истомисленици кои застануваат на браникот на родината насекаде низ Европа!

No comments:

Post a Comment