Monday, January 18, 2016

Демократската диктатура во Германија

Како што можевме на видиме на мидеумите, германската канцеларка Ангела Меркел беше избрана за личност на изминатата 2015 год. од магазинот „Тајм“, главно поради менаџирањето со бегалската криза. Па да видиме како таа толку добро се справи со овој проблем. Имено, во 2015 год. во Германија беа регистрирани 1.1 милион мигранти, од кои што најголем број ќе останат засекогаш во земјата, а за справување со истите Германија изјави дека планира да одвои 17 милјарди евра за оваа година.

Новогодишната ноќ досега е најголем доказ за тоа кој е резултатот од „солидаризирањето“ со „бегалците“, а начинот на кој германската влада се справи со ова, уште еднаш потврди за нејзината предавнича и анти-национална политика. Во оваа ноќ беа регистрирани стотици случаи на полови напади во Германија, најбројни во Келн (+500) и Хамбург, а потоа и во Цирих и Салцбург, во кои напаѓачите биле млади на возраст од 18 до 35, со североафрикански или арапски изглед, според изјавите на жртвите, кои извршиле разни напади врз германски жени, од кои повеќе од половина биле сексуални прекршоци, а покрај нив имало и случаи на грабеж и силување. Но и покрај ова, министерката за еманципација во областа во која спаѓа и Келн, Барбара Стефенс, повика на поголема „социјална осуда на машката злоупотреба на моќ“. Властите обидувајќи се да ја оправдаат својата политика во однос на мигрантите, тврдеа дека нема докази дека во насилството биле вклучени баратели на азил, но тоа се покажа за обична лага со еден обелоденет полициски извештај од страна на весникот „Билд“, во кој еден од инволвираните им рекол на полицајците: „Јас сум Сириец. Вие треба да ме третирате љубезно. Г-ѓа Меркел ме покани“, што јасно укажува на полтиката на Меркел.
Според сведоштвото на жртвите, полицајците биле во многу мал број, недоволно за да им се спротивстават на напаѓачите, па оттука главната вина за овие немили настани е недоволното присуство на полицијата таа вечер. Поточно, на новогодишната ноќ присуствувале само 150 полицајци, безначајни за да се справат со групираните муслимански банди кои биле околу 1000. Каква случајност? Ова е во голема контраст со бројот од 1700 полицајци опремени за справување со безредие, водени топови и солзавци кои присуствуваа на 4 илјадниот марш на десничарското анти-исламистичко движење „PEGIDA“ (Патриотски Европејци Против Исламизацијата на Западот) против „бегалците- силувачи“, која беше главен слоган на протестот, како и против бездејствието на политичарите против половите напади врз невините германки од страна на мигрантите. Како и вообичаено, оваа можност ја искористија „мирољубивите“ левичарите, кои одржаа контра-протест, а подоцна почнаа да фрлаат шишиња и петарди кон полицијата, која за возврат водените топови ги употреби врз германските патриоти.

Исто така, основачот и предводник на движењето PEGIDA, 42-годишниот Германец - Луц Бахман од Дрезден, се соочива со обвинение за носење на маичка со која и објавил слика на facebook, а чиј надпис гласи „бегалците-силувачи не се добредојдени“ (Rapefugees Not Welcome). Политичарот од Зелената Партија, а воедно и адвокат Јурген Касек, откако ја видел блузата, поднел тужба против Бахман за наводно „инизирање на омраза.“ Инаку маичките стануваат сè пополуларни и се пуштени во продажба со цел да се искаже незадоволството против силувачите.
Некој можеби ќе рече, зошто нас би требало да не засега состојабата на Германија? Бидејќи состојбата би можела да се пренеси и на балканско тло, затоа што претседателот Ѓорѓе Иванов, во Брисел изјави дека Македонија има капацитет да прими 2,000 мигранти. Па според предупредувањето на министерот за економија на Германија, Герд Милер дека во наредните години би требало да очекуваме 8-10 милиони новодојдени, колку би примила Македонија? А кога ова и се случува на Германија со 1.1 милион примени имигранти, што би и се случило кога би дошле 8-10 милиони, а воедно и нам со одредена квота на имигранти?

Германија е чист пример за тоа колку деструктивен е нео-либерализмот кој е државна идеологија во оваа земја. Таа од национална држава се претвори во држава во која домородниот народ е од втор ред, слично како и кај нас. А како што опаѓа општата сигурност поради преплавата од имигранти, растат репресиите врз германските патриоти кои сакаат да го заштитат својот народ.

По сите овие настани, вреди да се запрашаме дали ќе дозволиме ваквата анти-национална влада во Германија да биде пример за владеење и кај македонската, како „претендент“ за влез во ЕУ и НАТО?  И што е најважно, дали и ние како и еден дел од Германците, со отворени раце ќе ги прифатиме „бегалците“, и  ќе се солидаризираме со нив во име на „човечноста“, додека илјадници македонски деца живеат во беда, за подоцна со страв да шетаме низ нашите градови? И покрај сè, сè зависи од самите нас...


No comments:

Post a Comment