Иако поради неоправдани причини, подолго време н
è немаше на виртуелниот простор да изнесиме посериозен став околу актуелната општествена состојба и настаните што ја тресат нашата закрепостена, протекторатска држава, ние активно ги следевме сите збиднувања, стоејќи настрана од двата табора. Почнувајќи од таканаречените опозиски бомби од проектот на СДСМ - Вистината за Македонија, кои ја втурнаа Македонија во уште една нова политичка криза, па с
è до сегашната т.н Шарена револуција од една страна, која проникна од движењето „Протистирам“, и преку која на голема врата се прави обид да се протуркаат во нашата тактовина познатите квази западно-европски нео-либерални вредности, кои ќе ја доуништат и онака веќе упропастената македонска младина која остана да сеуште да живее тука, и од друга страна „Граѓанското движење за „одбрана“ на Македонија“, кое е не-формално владино гласило, кое се истакна со своите етикетирања, квази-патриотизам и партиски препукувања кои доведоа само до уште поголемо разеденување на и така разединетото макеоднското етничко ткиво, како и со водачите на тоа движење, кои очигледн се насочуваат кон онаа страна од кој дува ветерот на парите. Со оглед на тоа дека нашите млади сонародници во потрага во подобар живот и финансиска егзистенција емигрираа далеку одовде, дури и како келнери и чистачи на јавни клозети, многу јасно можеме да увидиме кој страда од ваквата положба во нашата земја.
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEgSsbdjL3gpO5nlP0XaWuyv3tIfoUI6nTXyAy_SfZ64x8rxTBTOrljlCEviHdamkUG9uoEcajaIJ9mfCIeL6lJVvy7sGQuAtIlFQu9Ejv5q2lGO5uLg9DBQL-Dkz-r3heEzReouz5P6E2g/s320/we+have+chanse.jpg)
Но да се навратиме и повторно да го анализираме духот на очајниот, дезориентиран, просечен Македонец, кој упорно останува поделен на протестант и контра-протестант. Од една страна оној кој за ситни пари е подготвен да си ги продаде и сопстените си родители со надеж дека ќе ја задржи својата плата од 200 евра, убеден дека сме нападнати од „странски служби“ кои кројат заговор против нас и се стремат да го уништат уште последното слободно парче од античкото македонско царство, раководен од локалниот партиски штаб и партиските лидери кои н
è доведоа до ситуацијата до која нè доведоа, и од друга страна, пак, ги имаме новите „прогресивни“ револуционери кои не се ништо друго освен исфрустрирани наркомани и неуспешни студенти, кои живеат во некој маглив ленинистичко-пролетерски сон, предводени од Хелсиншкиот комитет и низа слични на нив „не-профитни“ и не-владини организации, со професија суфистициран национален предавник, кој се спремни да го уништат сето она што според нив е прогласено за фашистичко, а тука не мислам на стиропорот и железата од великосрпскиот проект за перење пари - Скопје 2014, туку и на сè она што е традиционално и национално (колку и да е пред своето исчезнување), што во нивните очи е олицетворение на најомразениот им непријател. Така дел од овие нео-комунистички и нео-либерални структури под паролите за еднаквост, шареноликост и толеранција, сонуваат дека ќе ги „обединат“ сите „пролетери“ од Македонија и ќе тргнат во јуриш против нивниот вечен угнетувач, а тоа нормално е патриархатот и македонскиот козервативен дух. Но, истите овие етномазохисти ги нема да вандализираат туѓ споменик кој е исто така производ на оваа влада, и се прават слепи и глуви кога во Македонија протестира, а и во некои случаи и демолира вториот по големина етникум, очигледно загрозувајќи ја демократијата.
Додека нео-либералите од т.н Шарена револуција ни зборуваат за еманципација, интеграција, толеранција, братство, што очигледно ги поткопува традиционалните македонски вредности, ние сепак треба да се угледаме и да земеме пример од федералистите, и пред сè етно-националисти од албанската партија БЕСА, кои покажаа како еден народ треба да се бори за својот национален интерес против секој власт која го загрозува истиот, со издигнато национално знаме, а не со срп и чекан, и виножито каков што е случајот кај нас.
И покрај сè, ние остануваме единствената трета позиција во Македонија, покрај сите лажни патриоти, партиски профитери, покрај дезориентираната младина, пост-модернистите и родоотстапниците. Затоа, не класна, не партиска, а национална борба, итоа како ни е потребна, итоа веднаж.
No comments:
Post a Comment