Причините за востанието се насилствата извршени врз месното население од страна на српските власти со цел да се асимилира т.е посрби. Уште во почетоко на декември 1912 год. српскиот командант на Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги собира видните граѓани и ги известува дека, бугарското општинско управување се респушта, и дека тој лично ќе раководи со градот, при што им вели: „Вие сте стари Срби. Бугарите ве асимилираја. Сега, кога ние сме тука, ќе си видете повторно Срби. Ако не го почитувате она што ви го велам ќе ве убиеме сите.“ Процесот на асимилација започнува со протерување на бугарските учители и егзархиските свештеници од Тиквешко, на чие место се доведени србски учители, а оние кои што сакале да останат требало да одат во Белград и да завршат курс по српски јазик, кој тогаш бил воведен во училиштата и црквите. Има разни примери на насилство од страна на новите власти. Така на пример, архиерејскиот намесник Григориј Лазаров е претепан поради тоа што го чекал својот митрополит на железничката станица во Криволак, а неговата куќа била срушена. Или пак, младиот Александар Видов кој е убиен бидејќи одрекол кога бил запрашан дали е Србин. Исто така, Марија Тодорова која е силувана два дена по нејзината свадба од Милан Крековиќ, српски поручник на Кралството Србија. Додека за време на востанието е ѕверски мачена и убиена мајката на еден од главните водачи на востанието - Димитар Пинџур - Наца Пинџурова, која била деец на ВМОРО.
Теророт кој се врши врз населението е искористен како повод за кревање на востание. Подготовките за востанието започнуваат кога ЦК на ВМОРО го испраќа нејзниот член Петар Чаулев во Кавадарци кој спроведува тајно собрание во домот на Јовче Шкатров, таткото на Михаил Шкатров, на кое е одлучено веднаш да се започне со подготовки за востанието. На Дончо Лазаров и Михаил Шкатров им е наложено да ја организираат и вооружат месната милиција. Кон крајот на април, и почетокот на мај, ВМОРО била подгответна за востание. На 26-ти мај раководството на организацијата во Кавадарци добива окружно писмо од ЦК со кое се известува дека кон Тиквешко се движат четите на Петар Чаулев, Милан Матов, Марко Иванов, Милан Ѓурлуков и др. На 29-30 мај е свикано заседание во с. Бегниште на кој присуствувале претставници од цела Тиквешија, на кое едногласно е одлучено да се крене востание. Создаден е востанички штаб, во чиј состав влегуваат: Михал Шкатров, Дончо Лазаров, Димитар Пинџур, Коце Сеизов, Тодор Камчев, Тодор Мицев, Милан Ацев, Милан Атанасов и др. На второто заседание кое се одржало во почетокот на 17-ти јуни во Ваташа е одлучено дека, штом се добие информација дека бугарските војски идат од Струмица, Радовиш и Штип, четите и милицијата на ВМОРО веднаж ќе се дигнат на востание, напаѓајќи ги српските окупаторски војски. Бројот на востаниците изнесувал околу 1000 души, од кои 200 биле обични граѓани кои доброволно зеле пушка в рака, а останатите биле комити од Организацијата.
Востанието започнува на 19-ти јуни, со што четите на Дончо Лазаров и Махаил Шкатров се откриени, и започнува борба при што ги прогонуваат српските војски од Неготино, во истиот ден. Српските власти испраќаат војски и турски чети од околните села, но сите се одбиени. Од Неготино, востаниците се упатуваат кон Кавадарци, кое е ослободено на 24 јуни, а истото бива и со Ваташа. Од општинската зграда во Кавадарци е симнато српското знаме, и е поставено тиквешкото револуционерно знаме. На 24 јуни е одржано свечено собрание на коешто е избрана градската управа, составено од 12 кавадарчани.
По седум дена од избувнувањето, Србија испраќа голема војска предводена од Василие Трбиќ, србоманскиот војводи Јован Бабунски и Јован Долгач, како и Јаја-Ага (потурчен Албанец) кој дошол на помош на српската војска со својот башибозук составено од неколку стотини души. Востаниците се поткрепени од четите на Петар Чаулев, Христо Чернопеев и Васил Чакаларов, и се оставени сами да се справат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Помошта која ја очекувал Револуционерниот штаб од Четвртата бугарска армија, која се наоѓала на другата страна на Вардар не ја добил, па затоа и четите на ВМОРО се повлекле, по што започнал крвавиот поход на српските четници и башибозукот на Јаја-Ага.
Неуспехот на востанието се должи на неговиот предвремен карактер, бидејќи било предвидено тоа да започне со навлегувањето на бугарските војски преку Вардар т.е со отпочнувањето на Втората балканска војна, но четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкатров биле отркриени од српските власти, со што започнало востанието. Исто така и вклучувањето на Романија во војната, која ја одиграла одлучувачката улога во поразот врз Бугарија, чија војска била насочена кон Србија и Грција.
За време на комунистичкиот режим (1945-91) Тиквешкото востание, како и и Охридско-Дебарското кое се крева во истата 1913 год., кои се изблик на гневот против српската окупација, беа избришани од историјата на Македонија, но за жал тоа остана така и по осамостојувањето на Р. Македонија. Освен тоа што има спомен плоча во Кавадарци посветена на жртвите од востанието, повторно и во учебниците по историја на „реформираното“ образование овој настан останува неспоменат или пак срамежливо се споменува во некои портали. Но, и понатаму продолжува во Македонија да владее про-српската политика. Па дури и се слави српската окупација. Така во 2012-тата српскиот претседател Томислав Николиќ кој во посета на Македонија, заедно со македонска делегација предводена од заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ, ја одбележаа 100 годишнината од победата на српската армија над османлиската во битката кај Зебрњак, Кумановско, за време на Првата Балканска војна. А нам ни останува само да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња во кои нема да е срамно и „некоректно“ да си признаеме дека историјата на македонско-српските односи не е така сјајна како што насекаде ни се претставува.
Слава на сите кои загинаа во Тиквешкото востание за слободата на Македонија!
No comments:
Post a Comment