Tuesday, September 20, 2016

Нашата чест - наша верност


Националниот борец како личност е исправен пред тешка задача, да е во постојана борба со разни паразити, со една единствена цел да ја заштити својата нација. Во таа постојана борба за зачување на националните вредности и морал, една значајна особеност кај секој национален борец се истакнува, а тоа е верноста.


Верноста е основниот темел, најважната карактеристика што ја поседува националниот борец. За него верноста претставува највисока вредност, чест и достоинство, најважна особеност со која тој се одликува. Таа не доаѓа до израз само во постојаната борба за зачување на идеалот, туку и во секојдневниот живот.


Без разлика во кои активности е вклучен националниот борец, кај него упорноста да успее во целта е постојано присутна, а за да се успее во остварувањето на таа цел, покрај упорноста  и саможртвата е потребна и верноста која е одраз на нашата челична волја која се стекнува со што поголема свест и совест.


Пријателствата кои се стeкнуваат во националната борба се непроценливи, бидејќи нив ги одликува верноста, па секогаш кога си во невоља, можеш да се обратиш на твојот брат од Национална Борба кој е тука да ти помогне. Да помогнеш на твој брат од Национална Борба претставува најголема чест и одговорност за секој од нас, а воедно и најголема гордост. Пријателите се познаваат во невоља, а секогаш кога ќе западнеш во неа, секогаш имаш пријател кој ќе ти е верен до гроб. Никогаш не го оставај твојот брат сам.


Семејството е најважното нешто во нашите животи. Постојано треба да бидеш достоинствен претставник на своето презиме и потекло, и не смееш тоа да дозволиш да биде газено од никого. Токму тука се нагласува верноста кон своето семејство, постојаните семејни ручеци и вечери, не само за време на празници, туку во секојдневието. Националниот борец секогаш се чувтвува најпријатно кога е во својот дом, опркужен со своето семејство, луѓето кои што најмногу ги сака, луѓето со кои дели иста крв и верноста кон честа на семејството. Затоа, однесувај се добро со твоите родители, браќа и сестри, така ќе ти биде и возвратено.


Верата и нејзините обичаи даваат духовна сила за истрајност во оваа борба, која за секој националист е света. Секогаш кога било најтешко, народот барал и ја пронаоѓал својата утеха во верата, а тоа треба да го следиме и ние како аманет оставен од нашите предци без разлика дали веруваме во Исус, Перун или Один, верноста кон верата, нејзините обичаи и вредности, се почитувани од секој што е дел од Национална Борба. Верувај во Бог, како што веруваш во светиот идеал на вистината и правдата.


А најверојатно најважна е верноста кон својата девојка, во која искрено си заљубен, на која си го подарил своето срце, се разбира бидејќи тоа го заслужува. Националниот борец, никогаш  својата верност и чест, нема да ја валка со курви, и да го обезчести својот образ. Промискуитетот е за развратници и слабаци, а не за здрави и свесни родољуби. Верноста и љубовта кон својата девојка се светост, и тие не треба да бидат изневeрeни во ниту еден случај, а и на секој начин треба да се покаже љубовта кон саканата, бидејќи таа е идната мајка на твоите чеда. Жртвувај се за неа и за твоите идни поколенија.

Нашата верност е нашата чест, верноста е сè што имаме во патот кон кој одиме, во борбата за градење на подобро општество за нас и  нашите најблиски. Верноста никогаш не треба да ја запоставиме, бидејќи таа е најголемото богатство кое го имаме, и кое нè прави поинакви од сите останати, кои по патот на алчноста, популарноста и богатството ја губата својата чест, и верноста кон правите вредности. Затоа, остани верен кон она во кое веруваш, она кое го заслужува твојот народ, и татковина, долгот на нашите предци кој треба да биде исполнет, а тоа е сигурна егзистенција за нашиот род.

No comments:

Post a Comment