Monday, October 10, 2016

Оној, кој ќе падне во бој за слобода, тој не умира...

Во чест на саможртвата која што Величко Димитров Керин, познат со псевдонимот Владо Георгиев Черноземски ја даде за идеалите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, односно ослободување на вардарска Македонија од великосрпската хегемонија, Национална Борба спроведе уште една улична акција за сеќавање на ликот и делото на овој голем фанатик, предан во целост на револуционерното ослободително движење.

На 9-ти октомври, 1934 година, во Марсеј, Франција, од страна на ВМРО и со помош на хрватската Усташка Организација, Величко Димтров Керин, инаку родум од с. Каменица, Велинград, западно-тракијска област, го извршува атентатот врз српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ - заколнат непријател на Организацијата и македонското ослободително движење, одговорен за великосрпската асимилаторска и колонизаторска политика, како и етничко чистење и масовно колежи на македонското население кое се противело на окупацијата. Тој, Владо Черноземски, со своето дело на саможртва, се воздигна до небеса, поставувајќи ја круната на теророт на Органацијата, кој го достигна највисокиот претставник на режимот, оставајќи им пример на идните поколенија, како со паролата „Свобода или Смърть“, која треба да е завет за секој Македонец, треба да се гине против секоја тиранија.

Инаку, уште еден важен настан кој вреди да се спомене. Имено, на 5-ти октомври, 1927-та, во Штип, од страна на тројката атентатори: Благој Кралев, Илија Лилинков и Ипократ Развигоров е ликвидиран уште еден претставник на српскиот окупаторски режим, генералот Михајло Коваќевиќ, кој бил дел од Сружението против бугарските бандити т.е четите на ВМРО. Овој атентан внел страв кај српскиот окупатор, по што започнале да се извршуваат ѕверства и убиствта врз семејствата на атентаторите и врз оној кој би можел на било кој начин да е поврзан со Организацијата. Лилинков и Развигоров за да не паднат живи во рацете на непријателот, се бореле херојски до крај, при што кога увиделе дека немаат излез, си го одзеле животите.

Оној, кој ќе падне во бој за слобода, тој не умира... Вечна им Слава на хероите, кои паднаа за слободата на Македонија!



No comments:

Post a Comment