Thursday, October 20, 2016

До каде може да отиде левичарската изопаченост и заблуда? (втор дел)

Сме зборувале и порано на истата тема, за истите квази-револуционери, за нивната килава борба, и од долу излженото се гледа што навистина им смета на овие етномазохисти и чии интереси ги застапуваат. На овие изопачени мозоци им смета тоа што нашата држава масовно се албанизира, а врз нашиот народ и по повеќе од две децении од распадот на СФРЈ продолжува масовна србска асимилација преку маската на „единствениот кој не сака“, од страна на посткомунистичките властодржци, наследници на поранешните функционери од поранешниот систем, без разлика дали се облечени во оделото на социјал-демократијата или демо-христијанството.
„Времето поминува, а болеста останува“ е она кое што можеме да го кажеме за овие самопрогласени борци за „слобода, рамноправност и еднаквост“. Деца не некогашни и сегашни функционери, во оваа банана држава, кои глумат работничка класа без ниеден ден работен стаж, кои што се претставуваат како политички репресирани жртви без ниеден ден поминат во затвор, без ниеден судир со законот. „Луѓе“ кои се против сè она што е традиционално и родно. Ги уживаат добрата, технологиите и образованието на капиталистичкиот Запад, а истовремено мечтаат за социјалистичка Југославија. Промовираат толеранција и соживот, а се нетолерантни кон сè она што е различно од нив. Патриотизмот го нарекуваат омраза, фашизам и криминал, без да знаат идеолошки да ги дефинираат термините со кои ги етикетираат „политички некоретните“, а злосторствата на црвеното едноумие кое владееше до пред четвртина век го оправдуваат како „одлука на народната власт“ која во суштина може да се нарече секако, но не и народна. Оваа глутница на одродени скитници, која што постои како моден тренд и мечтае за нивната „црвена револуција“, за еден нов болшевички геноцид, покрај сатанистичките знамиња на Маркс, ги вее и шарените бои на „секуалните малцинства“ чиј припадници беа затворани во идеалната држава на овие изроди - СССР, што докажува дека тие се обидуваат на секој начин да ги уништат и националната свест и патриотското чувство кај младите Македонци кои знаат дека денешните „антифашисти“ кои себеси милуваат да се нарекуваат „граѓански активисти“ не се ништо друго, туку една група на наркомани и луѓе без социјален живот, вечни студенти желни за внимание, кои што како стаорци во глувото доба од ноќта си шараат по фасади и упатуваат смешни пораки кон своите замислени непријатели.

Национална Борба на таквите им порачува:
- Црвени фосили од цел свет по пет на бајонет!

No comments:

Post a Comment