Sunday, April 9, 2017

Македонија, македонските симболи и зошто ние не ги користиме!



Денес во нашата држава се по актуелно е докажувањето на тоа кој од кого е почист македонец и кој патриот. На протестите за таканаречена "Заедничка Македонија" на кои гледаме доста најразлични национални и партиски симболи, се изнагледавме и некои досега невидени и ново компонирани од таканаречената предавничко-патриотска власт кокарди и други знаци кои потсетуваат на едно одамна изминато време на небулози. Но да почнеме од почеток со разобличувањето на националните и државните симболи. Од создавањето на македонска држава во рамките на Југославија се користеше а и до ден денес се користат комунистички знаме,грб и химна единствено што кај грбот е сменато, исфрлена е петокраката, но кога сме кај знамето тоа има претрпено доста промени од 1944 до 1946 за државно знаме имаме жолта ѕвезда во средината на црвена позадина за од 1946 до 1991 да претрпи мала измена и ѕвездата да биде преместена во горниот лев ќош.

За цело ова поствоено време освен црвено црното знаме кај задграничните претставници на ВМРО не постоел единствен македонски национален симбол. Анти комунистичките организации како на пример ВМРО-СДРМА и други имале свои најразлични симболи и кодови.
(Слика на Македонската емигразија во Брисел со црвено црно знаме)
Ова траеше се до 1992 година кога Македонија како млада, независна држава која се оддели од Југославија од страна на претседателот на светскиот македонски комитет (Тодор Петров) беше доставено како предлог во македонското собрание, кај довчерашните титови комунисти кои го со кревање рака го сменаа довчерашното знаме со ѕвезда петокрака со нов симбол дотогаш непознат за македонскиот народ и случајо или не, нова но овој пат 16 крака ѕвезда на црвена позадина која пред тоа никогаш од ниедна организација не била користена.
 Сонцето од Кутлеш како симбол не е целосно разјаснет и денес кое и какво значење има и не е знае дали бил симбол на античка Македонија, на војската или само украсно обележје. За срамот да биде поголем покрај горделивиот јазол што ни го замотаа постомунистичките и новопечени македонски политичари шлаг на тортата беа заканите и ембаргото од страна на грција, македонските патриоти го сменаа знамето со сосема нов модернистички симбол кој преба да личи на сонце. "Честа" за тоа што го имаме денешното креирано во кабинет вештачко знаме кое покрај ова денес често се гледа и на протестите на заедничка Македонија иако предходно истите тие го отфрлаа, ја има Мирослав Грчев кој на тв беше доста познат по критиките кој проектот Скопје 2014 и со зборовите само дилетант и будала може да зборува за македонска култура во палеолит.
 Покрај ова истиот автор учествувал и со свој дизајн за македонски грб во 1992 но неговиот предлог не бил профатен а денес се користи само неофицијално.
Од сево ова доаѓаме до заклучок дека денешните симболи кои без разлика која партија или организација со било каква провиниенција ги користи се продукт и заслужни се горе долу ист луѓе кои на сличен начин владеат со Македонија и денес под овие симболи немаме никаков триумф никаква победа а да не зборуваме за неболузите и срамот кој денешните самопрогласени патриоти и го нанесуваат на Македонија кога ги мешаат симболите на нашата православна вера и оние на античките незнабожци. Од тука сакаме да ви кажеме дека наш па и Македонски вистински и единствен симбол е знамето на ВМРО она историското црвено-црна лента хоризонтална со еднакви димензии. Покрај тоа ко користиме и лавот како нераскинлив симбол на организацијата и земски грб на македонија кој се сретнува низ различни европски грбовници.

No comments:

Post a Comment