Tuesday, May 2, 2017

"Пучот"

Кратко и јасно да нема забуни и донеречености. Ќе се искажеме со неколку реда за да не го малтретираме нашиот читател. Деновиве кои изминаа тензично и помпезно но не од познатит случувања туку најмногу од таканаречените медиуми и полупрофесионални политичари, имаме намера накратко да ги продискутираме. Имено станува збор за "пучот" односно целиот режиран театар кој се случи парламентарниот циркус во нашата држава. Несомнено е дека пензионерите и партиските безделници кои во името на Македонија и националните интереси ја бранат истата од соросоидите и нивните довчерашни коалициони партнери, со помош на државните институции ја одработија делумно работата и за тоа не почестија нас и целиот свет со нивното "бранење на Македонија". Кристално е јасно каков е нашиот став околу сдсм и нивното плачење по медиуми. Уште појасен е нашиот став околу дуи-учк и "стариот министер за напад" a сега претседател на собрание. Младите македонци беа прегазувани од истата таа ненародна партиска полиција, кога протестираа против Талат, а по наредба на дпмне кои сега божем глумат невини патриоти и македонци. Десет години не им беше проблем да ја распродаваат државата, градовите и националните интереси.... Случајно или не во собранието не настрада ниту еден "политичар" од калибарот на А. Груби или Џафери. Случајно или не, на македонските стадиони до смрт од истата полиција крвареа младите македонци додека пак сега "братски се прегрнуваше" со како што тие велат "народот". На истите овие револуционери им требаше една недела за да почнат повторно да протестираат и сите се дистанцираат од одговорност што е и својствено за патриоти со финансиски интереси како нив. Едно е сигурно меѓусебниот судир на партиски обоениот народ продолжува, довчерашните продавачи на националните интереси гласно плачат и гледаат на секој можен начин да се извадат преку необразованиот народ, додека пак албанскиот елемент е мирен што е својствено тие добиваат веќе трета држава на Балканот, прашање е само до кога нашиот народ ќе биде жртва на политичките-елитистички интереси?

No comments:

Post a Comment