Monday, June 19, 2017

Шведски "експерт" кој се борел против исламофобијата се приклучи кон исламската држава.


Мајкал Николај Скрамо кој сега се нарекува "Абу Ибрахим Ал Шведи"  е поранешен мултикултурен експерт за борба против исламофобија.  Ал Шведи се преселил во Сирија во 2014 година заедно со неговата жена и двете деца.

Сега тој живее во во Сирија заедно со целото негово семејство во области контролирани од "Исламската Држава" . Започнал да снима пропагандни видеа надвор од сирискиот град Кобане, каде што пропагира џихад и ги повикува сшедските исламисти да ја напуштат Шведска и да се приклучат на "света војна" во Сирија.

Во своите видеа тој на арабски им се обраќа на исламистите кои што сеуште живеат во Шведска, дека патувањето до Сирија чини само неколку иљади шведски круни и ги прашува дали во нивните срца не се раѓа желба да се жртвуваат и борат за нивниот бог. "Вратата на џихадот е отворена и тоа е најбрз начин да се стигне до "џенетот" (исламска верзија за рај)

Според шведските медиуми тој се конвертирал во ислам во 2005 година откако почнал да патува низ исламските држави, го научил јазикот и ја проучувал религијата.

Ал шведи собрал голема сума на пари преку чекови на исламската држава.

Сега овај поранешен експерт за мултикултурализам повикува за исламистички напади во Шведска.

No comments:

Post a Comment