Sunday, February 25, 2018

Нивните права - наша смрт!

23.02.2018. Денот кога пратениците во собранието на нашата држава почнаа официјално да работат против нормалните граѓани, заради кои седат на тие места и се ставија во услуга на неколкумина психопати и активисти со изопачена сексуалност. Од овој ден па натаму се поткопуваат темелите на православното, патријалхално македонско семејство и во иднина ќе се работи на замена на истото со нешто ново нешто гнасно и туѓо за нас. За петстотините години турско и стоте србо-комунистичко ропство не успеале да се скршат темелите на истото. Но денес слугите на либералниот запад тоа успеаа да го направат со формирање на една интерпартиска комисија.

Во групата членуваат 13 пратеници од постојниот собраниски состав од повеќе политички партии кои првенствено носат лев предзнак и тоа Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Бранко Маноиловски од ДУИ, Павле Богоевски, Ивана Туфергџиќ и Ирена Стефаноска како "независни пратеници", Јагода Шахпанска, Петар Атанасов, Славица Шуманска-Митева и Александар Кирацовски СДСМ, Јулијана Николова и Никица Корубин ЛДП.
На прв поглед веднаш се воочува дека во оваа комисија нема ниту еден муслиман или припадник на некоја друга етничка заедница во Македонија со исклучок на забеганиот Маноиловски, дури и Амди Бајрам кој честопати го исмеваат за тоа дека секогаш бил со власта знае како да го заштити народот кој го избрал да го претставува. Но тука може да се видат "познатата крлеж партија" на "Лилето ДОМ" која десет години беше закачена за газот на ДПМНЕ. Останати леви полу партии за кои слушаме само од избори до избори дека постојат, како и познатите "шарени" на чело со познатиот фарбач на фасади Павле како и останатата банда од СДС(М), кои ако се сеќавате ветуваа "живот за сите" и просечна плата од 30 000 денари. Но очигледно животот за сите важел само за содомистите од лгбтп организациите во Скопје кои покрај тоа што добиваат дебели пари од запад и уживаат голема поддршка од амбасадорите (окупаторите) во Македонија. Кои и во овај случај таму беја собрани со поддршка и амин на холандската амбасада. Ова претставува како што тие велат:

Проценката на знаењето ставовите, практиките и потребите на пратениците во собранието во врска со човековите права на ЛГБТ "луѓето" и "заштита од дискриминација", спроведена од членки на Националната мрева за борба против хомофобија и трансфобија во 2017, во рамки на некаков си проект повторно на Собранието и локалната самоуправа за "унапредување" на пражата на ЛГБТ. Ова претставува протуркување на мала врата на "правата и заштитата", а во пракса донесување на закони, со кои ќе бидат поставени над нормалните луѓе и со тоа ќе го направиме првиот од неколкуте чекори за максимална доминација на нивното лоби. Кое оди баш на овај начин: најпрво признавање и оставање слободно да ја пласираат нивната агенда потоа, јавни манифестации и видливост во секојдневниот живот, па влез во сите институции во школството и преправање на сите пори па општеството по нивна потреба и на крајот казна за секој онај кој не мисли како нив. Оваа комисија има за цел тоа да им го овозможи.

Инаку интерпартиска комисија досега не се создала за ниеден граѓански или национален проблем на Македонија по ниту еден основ, за подобрување на било што од иљадниците потешкотии со кои се соочува нашиот народ. Било тоа да е здравство, школство, национална катастрофа која моментално ни се случува, сообраќај, вработување едноставно луѓето кои седат таму апсолутно не се секираат за нас. За нив ние сме "ќосиња" како што милуваат да кажат полу-писмени, хулигани и примитивци. 

No comments:

Post a Comment