Tuesday, June 12, 2018

Секоја држава има влада каква што заслужува.



Иако веќе напишавме еден текст за работата на новата владејачка гарнитура, еве после извесно време ред е да го сумираме нејзиниот успех и како што тие објавија одчет за сработеното и божем неверојатниот развој што го направиле во Македонија одкако седнаа во фотеља. Политиката на СДС може да се спореди со канта за ѓубре која ги собира сите албански партии и привезоци на ДПМНЕ на чело со Амди Кока-колата. Ако предходната власт во името на некаков си патриотизам и голема историја не ограби и ни ископа гроб, политиката на СДС ја доби функцијата да не погреба во истиот, во името на добрососедски односи, мир, просперитет, соживот, евроатлански интеграции каде што поголемо понижување од ова кое што ни го приредуваат не може да ни се случи. На гости ни доаѓаше премиерката на Британија која веќе не е дел од европската унија и не подучуваше што да направиме за да станеме дел од истата, кое лицемерие. Нивната неспособност и килавост најдобро се гледа во "преговорите" за името на "државата". ДПМНЕ тоа го правеше со манипулации и зад затворени врати, овие си прават приказни по телефон и се пазарат како да продаваат од на тезга. Од нивниот живот за сите досега успеавме да видиме само двојазични табли и ново партизирање на институции, фактички ја продолжија политиката на старата забегана власт. Ништо ново, а и очекувано е кога на власт дојдоја само заради тоа што предходните мораа да паднат. Претставуваат еден збир на суети и искомплексирани суштества кои еднај чекаа да ги зграпчат фотељите и сега се однесуваат како слон во стаклена продавница. Од друга страна пак опозиционерите од ДПМНЕ рамо до рамо со "Титови леви сили" се толку растурени што чекаа неколку месеци за да можат да огранизираат еден "сенароден" митинг на кој освен колнење по СДС и чукање во гради колку ја сакаат, аманети од типот колку им е жал за Македонија не чувме ништо друго, освен што заклучивме дека новиот зарипнат лидер не е способен да го емитира ни Груевски. На овај начин повторно преку популизмот и евтината карта за Македонија на Македонците планираат повторно да се вратат на политичката сцена и да продолжат онаму каде што застанале. Преку некакви полурусофилски студентски организации од типот "млади за македонија" организираат непартиски протести на кои организаторите и присутните без исклучок се потесно или пошироко членство на ДПМНЕ и на УМС, а на нивните протести има се освен млади, затоа што младите во најголема мера одамна ја напуштија нашата земја. Непотизмот и партизираноста останаа да царуваат во институциите исто како предходно нема реформи во судството ниту во било кој дел од општеството. Здравството е во тотален хаос исто како и економијата која бележи рекордно ниво на стагнација. Но за сево ова има едно едноставно објаснување, како што кажал еден француски филозоф "Секоја држава има влада каква што залсужува".
Згора на се за ситуацијата да биде уште полоша и помизерна на голема врата во Македонија влегува руското лоби и се создаваат отворено русофилски партии. Руската дипломатија и руските интереси историски секогаш биле против интересите на Македонија уште од времето на ВМОРО, но просечниот македонец тоа не може да го увиди, заслепен од некакво си православно братство и божем голем успех што руската политика го нуди. Својата југоносталгија и србоманство денес ја лечат со путинизам. Овде кај нас тие се преточени во партијата на Бачев и Мицов кои како што сами се пофалија поминале некаква си обука. Јасно како ден е дека тие Македонија ја гледаат како зафрлена руска провинција слична на Молдавија. Ако едните се спремни со продажба на името да седнат во скутот на Нато другите со сила сакаат на Македонија да и го наметнат рускиот јарем.

No comments:

Post a Comment