Полека но сигурно одминува времето и ситно се одбројуваат деновите до референдумот за Преспанскиот договор, по што нормално редно е да се излезе со јасна позиција и став по ова прашање, за тоа која "страна" ќе ја поддржат македонските националисти, патриоти и родољуби.
Одговорот на ова прашање е НИТУ ЕДНА, ниту една страна предводена од национални предавници и профитери.
Нашиот став е повеќе од јасен, ИГНОРИРАЊЕ на референдумот и на сите кампањи кои се водат, "за", "против" или негово "бојкотирање".
Тие што бојкотираат го прифаќаат референдумот и се активни учесници во неговото одржување, а со самото тоа му даваат негов легимитет.
Затоа ние тотално го игнорираме, за нас тој не постои и решенијата постигнати од него, без разлика дали ќе се ЗА, ПРОТИВ или референдумот ќе биде неуспешен, не ни значат ама баш НИШТО!
Игнорирањето како единствено исправно решение во овој процес е од различни причини, кои ќе бидат образложени.
Прво, ние не можеме да бидеме дел од групации на кои туѓите знамиња им се подраги од своето, ниту ќе сме дел од тие што се колнат во ЕУ и НАТО, ниту од тие што се колнат во Руската Федерација.
Нас не ни се потребни буџетски средства за да се бориме во тоа што веруваме, за нашите вредности, идеали, животни принципи, визија за тоа каква треба да биде Македонија.
Никогаш нема да застанеме во одбрана на една лажна историја која постојано му го пере мозокот на секој Македонец и го уништува целосно, но ниту пак ќе бидеме дел од воспоставувањето на историја чија што цел е да направи од Македонецот покорно детенце без никакво право да има чувство на гордост и достоинство дека е Македонец.
За нас постои само еден бајрак, тоа е црвено-црниот, бајрак под кој се бореле сите тие што биле за слобода на Македонија, сонцињата на Грчев и Кутлешот, никогаш историски не може да бидат наши македонски симболи.
Историски сите се дел од антимакедонски чинови, тие што се "ЗА" референдумот не треба да ги споменуваме, додека лидерите на "БОЈКОТИРАМ", дел од нив ги амeнистираа командатите на УЧК во 2008, дел молчеа за Талат по поставувањето за Министер за одбрана, а други исто така го бојкотираа и референдумот во 2004, со што јасно се гледа дека сите се дел од национални предаства кои ја клекнаа Македонија на колена, со што тие не може да бидат спасители на истата.
Ниту еден Македонец има право да дава легимитет на референдум во кој ќе се посегне по поменот на сите бранители кои гинеа во одбрана на уставниот поредок на Република Македонија, за денес по референдумот на нивните спомен обележја да стојат други податоци, сосема погрешни.
Затоа тоталното игнорирање и неприфаќање на одржувањето на овој референдум е единствената вистинска позиција зад која ќе стои и поддржи секој македонски родољуб, патриот и националист, следејќи ги идеалите на сите борци за слободна и Независна Македонија.
Државата можете да ја нарекувате како сакате, но нашата Родина има само едно име, Македонија, за неа се бориме, за неа ќе умираме!